8.8 C
Скопје
11:28 - 1 април, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ го сврти другиот образ: Испеа песна од Карлеуша, додека колешката „плука“ по неа

Александра Пријовиќ, откако три вечери по ред одржа концерти во Белград во Штарк Арена, не мирува. Во следниот период ја очекуваат уште четири концерти во Загреб, а викендов веќе беше на настап во Дизелдорф, Германија.

И додека каде ѝ да оди ги полни салите до последно место, она што ги шокираше сите е моментот кога Прија го отпеа хитот „Слатка мала“ што го пееше нејзината постара колешка Јелена Карлеуша. Потсетуваме дека Јелена неодамна јавно и бескрупулозно ја критикуваше Александра.

Сите присутни на настапот во Германија, како што пренесуваат српските медиуми, биле воодушевени од овој потег на пејачката, па видеото на кое таа пее песна од Карлеуша брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Видеото собра бројни пофални коментари, прво за нејзината големина – да отпее песна од колешката која јавно ја „плука“, а потоа и за нејзиниот изглед.

Потсетуваме дека неодамна Јелена јавно кажа дека музиката на Прија се „треш“ (односно ѓубре) и дека не знае зошто толку луѓе одат воопшто да ја слушаат.

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....