34.8 C
Скопје
11:44 - 22 август, 2026

(Видео) Алек Болдвин во солзи, отфрлено судењето за убиство од небрежност: „Се криеле клучни докази“

Судијката Мери Марлоу Сомер од Ново Мексико го отфрли судењето за случајно убиство (убиство од небрижност) на актерот Алек Болдвин  откако утврди дека државата ги скрила клучните докази за смртта на кинематографката во снимањето на филмот „Раст“.

Болдвин, продуцент и глумец во филмот, вежбал сцена додека вперувал пиштол кон камерманката кога оружјето пукнало, убивајќи ја Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза. Лицето задолжено за оружјето на сетот, Хана Гутиерез-Рид, е осудена на 18 месеци затвор за убиство од небрежност.

Одбраната на актерот тврдеше дека не е негова одговорност да провери дали пиштолот бил наполнет со боева муниција. За време на рочиштето, адвокатот Алекс Спиро покажа дека некои куршуми, потенцијално поврзани со пукањето, биле предадени на полицијата без да ја извести одбраната, спречувајќи ја да ги прегледа. Обвинителката Кари Морисеј оспори дека никогаш не видела или слушнала за овие куршуми и рече дека тие не се совпаѓаат со оние што ја убиле камерманката и директорка на фотографија Халина Хачинс.

„Прикривањето на доказите беше намерно и со предумисла“, рече Сомер во објаснувањето на нејзината одлука. Ерлинда Џонсон, една од државните обвинители во случајот, поднесе оставка претходно во петокот.

„Немав намера да го доведам судот во заблуда“, рече главниот државен обвинител Кари Морисеј кога беше повикана да сведочи.

Имено, обвинителите тврдеа дека Болдвин одиграл клучна улога во смртта на Халин Хачинс бидејќи неодговорно ракувал со пиштолот. Сепак, за судијката Сомер овие докази беа доволни за да се отфрли случајот.

Откако ја слушна изјавата за отфралање на судење за убиство од небрижност, Болдвин драматично се расплака на цел глас, и ги прегрна своите адвокати и неговата сопруга Хиларија. Аферата покрена многу контроверзии во врска со безбедноста на филмските сетови и управувањето со реквизитното оружје.

 

Слични објави

(Видео) Фитнес-моделот Стефан Спирковски се качи на параглајдер и го виде Охрид од птичја перпсектива

Еспресо

Бившата сопруга на Џеј Рамадановски се појавува во неговиот познат спот — ова е приказната за Нада која му остана голема љубов

E.A.

Дневен хороскоп за 22 август: Не реагирајте импулсивно, бидете толерантни

E.A.

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо
Се вчитува....