8.8 C
Скопје
00:18 - 11 април, 2026

Ветеринарите водат битка да ја спасат повредената и изгладнета лавица пронајдена близу Суботица

Раководството на зоолошката градина Палиќ соопшти дека младата лавица, која кон средината на минатата недела беше сместено во установата, е во многу лоша состојба.

Младенчето беше пронајдено на 21 септември како ја преминува улицата на патот Кантавир во близина на Суботица, град во северна Србија.

Дехидрирана е, слаба, а веќе четврти ден се води борба за живот“, стои на официјалната Фејсбук страница на ЗОО Палиќ.

Од институцијата наведуваат дека при приемот биле забележани бројни здравствени проблеми.

Утврдено е и дека лавицата има скршеница на бутната коска на левата и делумна скршеница на десната нога, па и покрај ризикот да биде ставена под анестезија, утрово била оперирана.

„Поради повреди на коските, дури и по операцијата, таа ќе мора да биде чувана на што е можно помал простор за да се одмори и да и се дозволи заздравување на коските“, се додава.

Според реакцијата на месото, како што се наведува, изгледа дека никогаш досега не и давале месо како храна.

„По терапијата почна сама да јаде, но изгледа дека цревата и желудникот не се способни да варат, односно да ја обработуваат храната и нема столица. Во оваа општо лоша ситуација може да откажат и други органи – бубрезите , џигерот“, посочуваат од Зоолошката градина Палиќ.

Во таа институција рекоа дека најважно е прво да закрепне лавицата, а потоа во соработка со другите државни органи да го најдат најдоброто решение за неа.

Лавицата ја пронашол маж од Суботица на одење на работа, по што животното било згрижено и префрлено во Зоолошката градина во Палиќ.

Не е познато како лавицата стигнала таму. Од полициската управа Суботица за РСЕ изјавија дека истрагата се уште е во тек.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....