4.8 C
Скопје
05:01 - 28 март, 2026

Весна Змијанац во одбрана на Милица Тодоровиќ: „Тој знаел што прави“

Пејачката Весна Змијанац јавно застана во одбрана на својата колешка Милица Тодоровиќ, по медиумската бура што следуваше по нејзиното породување.

Милица неодамна стана мајка и на почетокот на месецот го роди синот Богдан. Но, веднаш по убавата вест, во јавноста одекнаа тврдења дека нејзиниот партнер е оженет и дека со друга жена има две деца. Случајот предизвика лавина реакции – се огласи и сопругата, а Милица одговори преку социјалните мрежи.

Додека дел од естрадата ѝ даде поддршка, имаше и јавни осуди, меѓу кои и од водителката Јована Јеремиќ, која ја критикуваше врската со зафатен маж.

На еден јавен настан, Весна Змијанац одлучи отворено да ја поддржи Тодоровиќ.

„Па што ако родила дете со маж? Тој не е мал, знаел што прави. Милица си роди дете за себе. Јас ѝ честитам и многу ми е драго поради неа. На крајот на краиштата, таа веќе е во години кога мора сериозно да размислува за тоа. Да не родела, прашање е што би било подоцна“, изјави Змијанац пред новинарите.

Со овие зборови, пејачката јасно стави до знаење дека одговорноста не треба да се префрла исклучиво на жената, туку дека одлуките во вакви ситуации се заеднички.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....