7.8 C
Скопје
22:12 - 31 март, 2026

Весна Бејби во стенд ап ќе го раскаже целиот свој живот, во среда во Скопје: „Влези не се соблакај“

Стенд ап шоуто на Весна Бејби Петрушевска со оригинален наслов, „Влези не се соблакај“, ќе го гледаат скопјани во среда во „Јавна соба“, од 21.15 часот.

Реприза на настапот, познатата актерка ќе има уште еднаш на истото место, на 19 април.

За првпат, Весна Бејби ова шоу го изведе во нејзиниот матичен Македонски народен театар, во 2019 година. На оригинален начин, го раскажа речиси целиот свој живот, од детството, преку свадбата со поранешниот сопруг, до нејзиниот актуелен љубовен живот, и секако интересни доживувања од нејзината актерска кариера.

Весна Бејби ќе ја насмее и Гевгелија, во Домот на културата на 6 април, а „Влези, не се соблакај“ ќе игра и во Струмица на 26 април, во Домот на културата.

-Смеењето е лек за сѐ! Затоа ве покануваме на стенд ап со Весна Петрушевска да се насмееме и да се исчистиме од лоши мисли и сите вируси“, велат од КМК продукција, која е организатор на овој настан.

Билетите чинат 300 денари и можат да ги резервираат во „Јавна соба“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....