13:52 - 13 ноември, 2026

Северина е виновна за навредување социјална работничка, одлучи судот: Парична казна за пејачката или 30 дена затвор

Да ви ја е… мајката на сите, ова е е…., веќе девет години и сега е доста! – навела социјалната работничка што ѝ кажала Северина.

Северина неправосилно е прогласена за виновна од судот во Загреб и казнета е за прекршок од член 17. од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Станува збор за навреда на социјалните работници. Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, Северина во своја одбрана негирала вина и има право на жалба. Чл. 17, според кој Северина е казнета, гласи:

– Тој што ќе омаловажи или навредува државни органи или службени лица при вршење или во врска со извршувањето на нивните должности или нивните законски наредби, ќе се казни за прекршок со парична казна во износ од 20 до 100 евра или со затворска казна до 30 дена.

Според обвинението, Северина минатата година на Денот на вљубените навредувала социјален работник во Центарот за социјални грижи „Максимир“. Центарот за социјални работи до СВР во Загреб поднел пријава за навреда и омаловажување службено лице како и пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Според пријавата, пејачката се јавила во Центарот за социјални работи и „вербално и агресивно се однесувала кон социјалниот работник“. Според сведочењето на социјалната работничка, Северина не бирала зборови кога разговарала со неа.

Пејачката ја прашала социјалната работничка „со кое право да испрати друга социјална работничка на нејзина адреса да ја посети нејзината мајка“.

Социјалната работничка пред судот изјавила што ѝ кажала Северина.

Северина наводно ја изнавреѓала социјалната работничка бидејќи Центарот се вмешал и во нејзината кавга со сестра ѝ Маријана која живее во Белград.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....