5.8 C
Скопје
07:34 - 1 април, 2026

Ве мачи висок крвен притисок? Научниците велат дека можете да го намалите и со секс!

Стручњаците забележале дека крвниот притисок се намалува веднаш по сексуалниот однос за 13 отсто, покажуваат резултатите објавени во магазинот „Сексуална медицина“.
Редовниот и добар секс може да го намали крвниот притисок еднакво ефикасно како и некои лекови, покажало едно истражување. При мерењето на притисокот непосредно по сексуалниот однос, кај испитаниците тој бил понизок за 13 отсто, а научниците заклучиле дека добриот секс на намалувањето на притисокот дејствува отприлика како таблета што се зема за намалување на притисокот.
Неколку истражувања, исто така, потврдиле дека зачестените, односно, редовните сексуални односи влијаат на тоа како личноста ќе се справува со стресните ситуации. Оние кои немаат секс извесно време, имаат многу повисок притисок.
Научниците изјавиле: „Колку е подобар оргазмот, дотолку ќе биде понизок крвниот притисок, но само во денот кога сте имале секс“. Тие веруваат дека за намалувањето на притисокот е заслужен хормонот окситоцин, кој го намалува стресот. Нивото на окситоцин, кој поттикнува доверба и поврзаност со другите, се зголемува во телото за време на сексуалната возбуда или при допирите помеѓу партнерите.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....