8.8 C
Скопје
12:28 - 1 април, 2026

Важна недовршена работа оставил Андреј од „ДНК“ пред да загине: Пријател откри емотивна прииказна

Важна недовршена работа му останала на Андреј од „ДНК“ пред да загине во пожарот во Кочани на 16 март.

Емотивна приказна за познатиот пејач, раскажа екипата на „К-15“, заедно со Ико Каров, режисерот и сценарист на документарниот филм „К-15: Од другата страна“, кој беше промовиран минатиот викенд. Андреј Ѓорѓиески беше дел од тимот и дел од продуцентите на филмот. Ико Каров ја раскажа целата приказна за Андреј во емисијата „Еден на Еден“.

– Среде снимање беше многу голем шок беше дефинитивно за нас. Се сеќавам, ми се јави директорот на фотографија и ми вика: „Да ти кажам, ама полека, напиј се една вода. Андреј уште се нема појавено во целата приказна“.

И тука ме удри првиот што се вели „штрафцигер во бубрег“. Му викам: „Друже, го знаеме нашиот, до крај не се дал, и отишол да спаси сѐ што може да спасува. И така и беше. И тоа беше еден дел кој што му стави мала запирка на филмот.

Десет дена потоа јас не можев да отидам на монтажа. Јас кога и да го пуштав филмот, бев тивок, па и не ни можев да продолжам искрено – рече Ико Каров, а на ова се надоврза Бранко Огњановски.

Ико Каров Фото / принтксрин

– Слава му. И тој многу му се радуваше на филмот и помагаше, се вложи. Навистина ми е жал генерално за него и за фамилијата и жал ми е што не успеа да се види – рече Огњановски.

– Мене целото негово семејсство ми е особено драго. Целото негово семејство беше на премиерата, и поширокото и потесното. И ним им е многу драго, и во контакт сме. Тоа е уште една емотивна нишка, не само за филмот, туку и за нас лично – рече Ико Каров.

Анреј се има појавено во дел од скечевите на „К-15“ Фото / Принтскрин

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....