19.8 C
Скопје
00:13 - 11 септември, 2026

Ватикан ќе ѝ ги врати на Грција украдени артефакти – стари се 2.500 години

Папата Франциск одлучи да ѝ врати на Грција три дела од античкиот храм Партенон над Атина, стари 2.500 години, кои уште од 19 век се наоѓаат во папските збирки во ватиканските музеи.

Украдените старогрчки артефакти папата официјално ќе му ги „донира“ на поглаварот на Грчката православна црква, Јероним Втори, како гест на екуменски дијалог со Римокатоличката црква, соопшти Ватикан.

На Грција ќе ѝ бидат вратени дел од главата на коњот што ја влече колата на божицата Атина на западната страна на познатиот храм на Акропол, како и скулптури – глава на момче и човек со брада.

Засега не е познато како ќе постапи атинскиот архиепископ Јероним со скулптурите, односно дали тие ќе бидат изложени во некој од грчките музеи.

За време на неговата посета на Грција лани, папата Франциск на средба со грчкиот архиепископ им се извини на Грците за постапките на католиците низ историјата.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....