05:52 - 6 април, 2026

Вака зборуваше Андреј од ДНК пред да почине, оваа приказна открива многу за него

Андреј Ѓорѓиески од ДНК беше по многу нешта посебен човек, а една негова приказна што ја раскажа пред да почине, кажува многу.

На шест месеци од смртта на познатиот пејач, естрадниот магазин „Бекстејџ“ објави специјална приказна како спомен на Андреј, едно негово интервју кое многу кажува каков човек бил и што му било важно во животот.

„Најважно е да те сакаат, и да го заслужиш тоа, значи треба да ја заслужиш љубовта од луѓето околу тебе. Една од отсликите што јас ги сакам кај мене што ми дава среќа на душава се луѓето коишто ме опкружуваат.

Така што, мислам дека за еден човек повеќе говорат луѓето што го опкружуваат, отколку самите тие.

Јас апсолутно не мислам на никого додека го правам она што го правам. Би сакал она што го правам, што ме прави мене среќен да го применуваат исто и другите луѓе за и нив да ги прави среќни“, рекол Андреј.

Тој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март годинава. Во пожарот страдаа 62 млади, а 200 беа повредени.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....