3.8 C
Скопје
23:18 - 20 декември, 2024

Утре почнува „Си Денс“ фестивалот, финале на летото со најголемата забава на Јадран!

Финалето на фестивалското лето и морската музичка авантура со седмото издание на „Си Денс“ (Sea Dance) фестивалот – добитникот на наградата за најдобар европски фестивал, почнува утре, четврток 26 август! На будванската плажа Буљарица од 26 до 29 август, ќе настапат водечките светски и регионални музички ѕвезди на електронската , трап/хип хоп и рок сцена, како што се Борис Брејча, Масео Плекс, „Тејл ов ас“, „Медуза“, Сатори и Топик, кои во Црна Гора доаѓаат за прв пат, како и регионалните ѕвезди Сенида, Бајага и Инструктори, Војко В, „Ху Си“, Сајси МЦ, Тијана Т и многу други од самиот врв на регионалната музичка сцена.

Фестивалот ќе се одржи во согласност со безбедносните протоколи, според кои влезот на фестивалот ќе биде ограничен на посетителите кои имаат документ дека примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19 или дека го прележале вирусот, потоа на оние кои имаат негативен ПЦР, односно брз антигенски тест – БАТ. Исто така, за оние кои не ја поседуваат наведената документација, пред фестивалскиот влез ќе биде организирано брзо антигенско тестирање со повластена цена од пет евра. Sea Dance фестивалот ја покрена и кампањата за вакцинација на младите во Црна Гора, во чии рамки сите кои до 24 август ќе се вакцинираат на една од 23 локации ширум Црна Гора, добиваат влезница за отворањето на фестивалот, во четврток, 26 август.

ФОТО: Архива

Големите музички ѕвезди на плажа Буљарица!

Плажата Буљарица, преубавиот песочно – камчест брег долг повеќе од 2 километри, ја претставува убавината на недопрената природа на јадранското крајбрежје. На само половина час возење од будванскиот Стар град, ова е совршена локација за долгите летни фестивалски ноќи.

На главната бина „Денс Парадајс“ (DANCE PARADISE) на првиот фестивалски ден, посетителите ќе можат да уживаат во настапите на: „Медуза“, Сатори, Бајага и Инструктори, бендот „Парампашчад“, Рудхамана и Раја. Вториот фестивалски ден, во петок 27 август, на главната бина пристигнуваат: Масео Плекс, Тијана Т, Војко В, Фокс и Сурил, Муха, локалците Равен ТК во б2б сет со Проксимус и Радио Катакомба; додека пак во сабота ќе настапат „Тејл ов ас“, „Клинац“, Огњен и домаќините „Аудиосторм“, „П.С.“, „О.Џи. фичеринг Дисторшн“ и „Нецке“. Последниот фестивалски ден, на 29 август, „Денс Парадајс“ стејџот е резервиран за гостувањата на Борис Брејча, Топик, Анн Клу, Сенида, „Ху Си“, „З++“ и „84Бит“. На останатите две музички бини, на „Плеј радио стејџ“ и „Опен Сајлент Денс“ бината ќе се чуе музичката селекција од страна на повеќе од 40 докажани изведувачи на електронската музичка сцена кои за време на четирите фестивалски ноќи ќе се менуваат зад диџејскиот пулт.

Деталната саатница на настапите на овогодишниот „Си Денс“ фестивал веќе е достапна и може да се погледне на овој линк.

Официјални процедури за влез на фестивалот

Во склад со важечките епидемиолошки мерки во Црна Гора, влезот на фестивалот ќе биде ограничен на оние посетители кои имаат документ дека примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19 или дека го прележале вирусот, како и на оние кои имаат негативен ПЦР, односно антигенски брз тест – БАТ. Наведениот безбедносен протокол е сличен на „Safe Events“ протоколот спроведен на „ЕГЗИТ“ фестивалот во јули, кој низ научните студии покажа дека фестивалите со наведените ограничувања се безбедни места за собири и дека на нив не доаѓа до масовно ширење на вирусот, доколку епидемиолошките мерки се спроведат безбедно.

Д-р Марија Божовиќ, специјалист за епидемиологија, пред Институтот за јавно здравје во Црна Гора изјави дека организирањето и одржувањето на масовните настани на отворено може да се спроведува во контролирани услови и со строго почитување на важечките препораки од Институтот за јавно здравје, со кои се нагласува дека одржувањето е можно само со поседување макар на еден од доказите од „Националаната дигитална КОВИД потврда“, кои мора да ги поседуваат и домаќините и гостите на настанот и додаде „Водени од пропишаните мерки, со адекватно обезбедување на контрола на истите, нема причина за фестивал како ’Си Денс’ да не помине во безбедни услови со минимален ризик по здравјето на посетителите.“

ФОТО: Архива

Бината на „Си Денс“ на помалку од половина метар од морето!

На овогодишното издание на „Си Денс“ фестивалот, на помалку од пола метар од морето, направена е најголемата фестивалска конструкција на овој дел од јадранскиот брег. Ритмите на Буљарица ќе бидат придружени со визуелен дизајн на голем еквилајзер, а креативниот тим под водство на познатиот дизајнер на светло, професорот Виктор Трифу ќе ја „облече“ плажата во боите на летото. Иако специфичноста на оваа конструкција е непосредната близина на морето кое буквално ја заплискува, продукциско-инфраструктурниот тим на фестивалот ги надмина сите предизвици користејќи ја врвната технологија за продукција на настани, а диџеите ќе имаат прилика да пуштаат музика на најновите и високо квалитетни диџејски уреди од водечките светски брендови.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....