13.8 C
Скопје
15:02 - 18 декември, 2024

Ултиматум на принцезата Шарлин: Принцот Алберт мора да избере меѓу неа и неговата сестра

Принцезата Шарлин ѝ се налутила на принцезата Каролин што ја преземала функцијата на прва дама и ги исполнувала обврските што не се нејзини.
Таа неодамна конечно се врати во Монако по неколку месеци поминати на психијатриско лекување.
Но, само што пристигнала решила да го напушти Монако заедно со своите деца, близнаците Жак и Габриела.

Принцезата наводно се налутила зашто додека таа била отсутна, сестрата на Алберт, принцезата Каролина (65) почнала да се грижи за близнаците и се поставила како нивна мајка – често ги водела на прошетки и се мешала во нивното образование.

„Шарлин многу се вознемири кога виде дека Каролин има големо влијанието врз одгледувањето на близнаците“, изјави извор за Woman’s Day. „Неодамна, Каролин ја повика директорката на нивното претходно училиште за да разговараат за нивната социјализација. Близнаците моментално се школуваат од дома, на барање на Шарлин“.

Извор од палатата тврди дека Каролин е фокусирана на иднината на Монако, па затоа е решена да ги оформи близнаците, особено Жак, идниот наследник, според нејзината замисла за тоа каков треба да биде малиот принц.

„Шарлин очајно сака да ги оттргне нејзините деца од оваа токсична и тензични атмосфера под притисок“, вели изворот и открива дека Алберт се наоѓа меѓу два огна – неговата сопруга и неговата сестра, „Мора да донесе одлука која сигурно некого ќе вознемири“.

Но, изворот исто така тврди дека Алберт (64) се уште ја сака Шарлин и дека нејзиниот главен адут се близнаците.

„Ако Алберт види дека тие страдаат поради ситуацијата, би можел да се согласи со барањето на Шарлин“., вели изворот.

Да потсетиме, за време на отсуството на Шарлин, принцезата Каролин (65) веднаш застана на позицијата прва дама и ги исполнуваше сите обврски кои инаку и припаѓаат на нејзината снаа. Некои коментираат дека таа едвај го чекала тоа бидејќи била во сенка на својот брат и неговата сопруга. Всушност, воопшто не и било по волја кога Шарлин и ја одземала функцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @miss_nostalgiamc

Таа отсекогаш сакала да биде во центарот на вниманието, односно прва дама на кралското семејство, а оваа улога и припадна по трагичната смрт на нејзината мајка, холивудската дива Грејс Кели, на 14 септември 1982 година. Таа го придружуваше нејзиниот татко Рение III на сите свечени настани, а кога тој почина, на 6 април 2005 година, таа му помагаше на нејзиниот брат Алберт кој застана на престолот.

Каролин не сакаше да падне во втор план, па нејзиниот однос со Шарлин отсекогаш бил многу комплициран. Инаку, таа ја продолжи „семејната традиција“, па има и многу бурен љубовен живот.
Три пати стапуваше во брак. Со првиот сопруг, претприемачот Филип Жунот (81) беше во брак само две години. Нејзиниот втор сопруг, Италијанецот Стефано Казираги, со кого се омажи во 1983 година, загина за време на трка со моторни чамци во 1990 година. Од овој брак има ќерка и два сина.

Со третиот сопруг, принцот Ернст Август (67) од Хановер, Каролин е во брак од 1999 година и од овој брак има ќерка, но и уште една титула на принцеза. Иако парот официјално не е разведен, странските медиуми во 2009 година објавија дека одлучиле да живеат одвоено и таа потоа се врати во Монако.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....