5.8 C
Скопје
00:49 - 1 април, 2026

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Ѕвездичките со цимет, или таканаречени Зимтстерн (Zimtsterne), се традиционални германски колачиња кои се прават во неколку варијанти – со ореви, бадеми или лешници, со брашно или без брашно. Ние ви предлагаме еден класичен и брз рецепт.

инстаграм

Од намирници потребни се:

2 белки,

150 грама шеќер во прав,

2 лажички цимет,

1 ванилин шеќер,

100 грама мелени лешници,

100 грама мелени бадеми,

50 грама брашно.

Подготовка

На белките додадете им прстофат сол и изматете ги во цврст снег. Постепено додавајте од шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, па продолжете да миксирате додека го потрошите целиот шеќер.

Две лажици од смесата од белки одвојте за декорација на ѕвездичките.

Во смесата од белки и шеќер полека додавајте ги мелените лешници и бадеми, циметот и брашното. Со лажица убаво измешајте, па со раце формирајте топка. Подготвеното тесто ставете го на работната површина која претходно сте ја попрскале со шеќер во прав.

Тестото развлечете го на дебелина од 0,5 до 1 см, па со калапи исечете ѕвездички и наредете ги во тава за печење покриена со мрсна хартија. На секоја ѕвездичка ставете малку од смесата од белките што ја сочувавте настрана, и размачкајте ја во форма на ѕвезда. Помогнете си со прстите.

Ѕвездичките печете ги 10-12 минути на температура од 150 степени.

Кога ќе се изладат, може да ги обоите со боја за готвење (достапни во продажба во најразлични нијанси во сите супермаркети).

На крајот врзете им панделка и закачете ги како украси на новогодишната елка.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....