3.8 C
Скопје
22:14 - 20 декември, 2024

Убиецот од масакрот во Чикаго е рапер со уметничко име „Разбуди се“: „Моите постапки ќе бидат храбри. Знам што да правам. Тоа е мојата судбина” се зборови од неговата нова рап песна

По новиот хорор во САД што вчера се случи на најсветата парада во земјата, на 4 јули, за Денот на независноста, фатен е убиецот и на изненадување станува збор за 22 годишен рапер. Снајперистот, идентификуван како Роберт Е. Кримо, се качил на покривот на зградата што се граничи со патеката по која се движела  поворката во Хајленд Парк, град со околу 30.000 жители северно од Чикаго на брегот на езерото Мичиген, и оттаму пукал врз толпата која минувала, убивајќи шест лица и ранил најмалку 31 лице.

„Моите постапки ќе бидат храбри. Знам што да правам. Тоа е мојата судбина”: ова се зборови на Роберт„ Боби “Е. Кримо III, 22-годишниот уапсен неколку часа по пукањето на парадата на 4 јули, во Хајленд Парк, напишани во една од неговите рап песни. Младиот човек е всушност „рапер, пејач, текстописец, актер и режисер од Чикаго“. Но, неговата фигура, колку и да е присутна (прилично доста) на социјалните мрежи, засега останува небулозна. Видеата поврзани со тоа име на интернет, од кои некои го прикажуваат лицето на Кримо, покажуваат вознемирувачки и насилни слики. На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои младиот човек парадирал на про-Трамп демонстрации, но не е јасно дали е поддржувач на тајкунот или на друга партија. Фотографија објавена на Твитер го покажува Кримо како носи знаме на Трамп како наметка; но од истиот профил потоа има позитивен коментар за видео на претседателот Џо Бајден.

принтскрин, вимео, инсерт од рап песна на Кримо „Are you awake?”

Уапсеното момче има многу витка фигура, несредена брадичка и тетоважи на лицето и вратот, од кои едната е над левата веѓа со натпис „Разбуди се“, псевдонимот што го користел кога објавувал рап песни на интернет.

Aлафабет (во сопственсот на Јутјуб), Мета (во сопственост на Инстаграм) , Твитер и Дискорд веќе ги отстранија веб-страниците на Кримо од нивните платформи. На Спотифајт, каде се наоѓаше неговиот профил под името „Раперот разбуди се“, Кримо имаше 56 свои песни од три албуми, првиот од 2017 година насловена „Пораки“, а потоа следеа „Обсервер“ од 2018 година и  „Разбуди се“од 2021 година. Во едно од видеата, за песната „Toy Soldier“, гледаме анимација со човек кој пука со долг пиштол, а потоа се појавува со лицето надолу во локва крв, очигледно погоден од полицијата. Текстот гласи: „Само сакам да врескам / Е*ати го овој свет / Живеј го сонот“.

фото фејсбук

Раперот бил пресретнат од полицијата во Норт Лејк Форест, на периферијата на Чикаго, нешто по 19 часот по локално време: полицаец ја забележал сребрената Хонда во која последен пат бил виден како вози и го запрел. На видеото од апсењето снимено од случаен минувач се гледа како автомобилот застанал на семафор, а Кримо излегува од возилото, по наредба на полицијата и е прикован со лицето на земја од страна на полицијата. Причините за пукањето се уште се мистерија.

Познато е дека неговиот татко неуспешно се кандидирал за функцијата градоначалник на Хајленд Парк, а загубил од либералениот кандидат кој се борел за реформи за контрола на оружјето.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....