33.8 C
Скопје
16:14 - 16 август, 2026

Три часа во еден правец: Ела Дворник го откри ритамот на своето ново секојдневие по разводот

Една од најпознатите хрватски инфлуенсерки, Ела Дворник, преку ново видео на својот Инстаграм профил покажа како изгледа нејзиното сегашно секојдневие, кое е обележано со постојани патувања, деловни обврски и скапоцени моменти поминати со нејзините ќерки Бали Ди и Луми Рен.

Ела сподели видео-колаж со наслов „Неделата во секунди“, каде што се менуваат кадри од нејзиниот автомобил, домот, деловните состаноци и времето поминато со децата, прикажувајќи го нејзиното балансирање меѓу Загреб и Бале (Истра).

Посебно внимание привлекоа честите возења на релација Загреб – Бале. Секое патување трае околу три часа во еден правец, а причината за ваквото исцрпувачко темпо е нејзината семејна ситуација по разделбата со британскиот претприемач Чарлс Пирс.

Ела моментално живее во Загреб, додека нејзините ќерки престојуваат со нивниот татко во поранешната семејна куќа во Истра. Како што пишуваа медиумите, станува збор за привремена судска мерка, па Ела го поминува времето со девојчињата според договорениот модел за старателство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

Денови поминати меѓу работата, обврските и децата

Во видеото се гледа и другата, пореална страна од нејзиниот живот: чистење на станот, готвење, работа на компјутер и ситни детали кои го отсликуваат нејзиниот препознатлив стил.

Сепак, најемотивните моменти се токму оние со ќерките. Ела покажа како заедно одат во загребскиот Музеј на историјата на видеоигрите, во кино, како се дружат со животни, цртаат и составуваат Лего-букет од рози. Иако нејзината недела е логистички исклучително напорна, објавата покажува дека таа се труди максимално да го исполни времето со децата со забавни содржини.

Инфлуенсерката ги праша и своите следбеници: „Ако можете да промените било што во вашата недела, што би било тоа?“ Прашањето предизвика лавина од коментари, во кои многумина се препознаа во брзото темпо на живот.

„Да имам некој што ми чисти и готви, бидејќи тоа буквално ми го одзема времето, а морам да го правам секој божји ден од почеток… Ме убива“, искрено и напишала една следбеничка.

Живот под будното око на јавноста

Ела Дворник и Чарлс Пирс со години беа еден од најследените парови во регионот. Беа во врска речиси десет години, а се венчаа во 2019 година во Лас Вегас, на денот на вљубените.

Инаку, Ела е ќерка на починатиот хрватски „крал на фанкот“ Дино Дворник и Данијела Дворник. Регионалната јавност ја запозна уште како тинејџерка низ реалното шоу „Дворникови“, а подоцна таа самата изгради една од најуспешните инфлуенсерски кариери на Балканот.

Слични објави

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.

„Куќата ми изгоре, па Мира Шкориќ ме прими да спијам кај неа“: Исповед на ѕвездата од деведесеттите чиј хит сè уште сите го пееме

E.A.

Иван Маринковиќ бесен по контактот со ќерката која ја има со Гоца Тржан — „Односот беше катастрофален“

E.A.

Љубел многу, а вистински сакал само четири: Најголемите љубови на Елвис Присли

Т.Ц.
Се вчитува....