8.8 C
Скопје
03:08 - 18 октомври, 2026

Николина Пишек искрено за животот по трагедијата: „Сакав долг брак и среќно семејство, а сега живеам како Бриџит Џонс“

Познатата хрватска водителка Николина Пишек во емотивен разговор во емисијата „Без пардон со Ида“ отворено проговори за тоа како го замислувала својот живот и брак, но и како суровите животни околности ја одвеле во сосема поинаков правец.

Николина гостуваше во емисијата заедно со оперската пејачка Сандра Багариќ и истакна дека секогаш имала јасна визија за тоа како треба да изгледа нејзиниот однос со животниот партнер, восхитувајќи се на бракот на својата колешка.

„Всушност, сакав да бидам сè она што е Сандра. Сакав да слушам Рахманинов со мојот сопруг, сакав да имам среќно семејство, сакав да бидам долго во брак… И јас сум вљубена во љубовта. Но, за жал, животот ме демантираше. Се најдов на животна пресвртница и навистина не сум во позицијата во која сакав да бидам во овие години“, искрена е Николина.

Таа призна дека понекогаш чувствува како нејзината планирана иднина да е изгубена и дека секојдневно се соочува со реалност која е целосно поинаква од онаа што ја сонувала.

„Сакав нешто слично на она што го има Сандра и тоа навистина би било идеално во моето гледање на светот и перципирањето на самата себе во него. Меѓутоа, се најдов во небрано лозје, останав сама на некаква ветрометина за состаноци. Всушност, ако некогаш сте го гледале филмот за Бриџит Џонс – е па, тоа е мојот живот сега“, сликовито ја објасни својата ситуација водителката.

Како потсетување, Николина Пишек беше во брак со српскиот историчар на уметност Видое Ристовиќ, кој ненадејно почина на 8 мај 2022 година на 44-годишна возраст во Белград. Популарната телевизиска водителка од бракот со него ја има ќерката Уна Софија.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....