12:01 - 2 април, 2026

Трамп со навреди за Ријана: „Тоа беше најлошото полувреме во историјата на Супербол, епски неуспех!“

Не е тајна дека Доналд Трамп не е обожавател на Ријана, па поранешниот претседател воопшто не беше импресиониран од настапот на пејачката на полувремето од неделниот Супер Боул помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс.

И покрај тоа што поголемиот дел од светот беше импресиониран од Ријана и нејзината сет-листа, без разлика што таа настапи бремена, Трамп не уживаше во шоуто.

„Епски неуспех: Ријана го одржа, без преседан, најлошото шоу на полувремето во историјата на Супер Боул“, напиша тој на платформата Truth Social.

„Таа навреди многу повеќе од половина од нашата нација со нејзиниот лош и навредлив јазик“, додаде поранешниот претседател на САД.

Расправијата меѓу Трамп и Ријана започна на почетокот на неделата, кога тој ја обвини дека „нема талент“, исто така на социјалната мрежа Truth Social.

Но, и Ријана нема добро мислење за Трамп. Таа своевремено јавно кажа дека не е фан на Трамп, па дури и побара неговиот тим да престане да ја користи нејзината музика на неговите митинзи пред неколку години.

„Се чини дека ментално најболното човечко суштество во Америка во моментов е претседателот“, изјави таа за Вог во 2019 година.

Малку е веројатно дека Ријана ќе се загрижи што мисли Трамп за нејзиниот настап во неделата навечер на Супер Боул, и дека неговите коментари би можеле да ја разочараат, зашто таа одамна е разочарана од него.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....