27.4 C
Скопје
12:24 - 13 јули, 2026

Трамп бара итно враќање на одземените документи; Министерството за правда не открива детали – „би можеле да ја загрозат истрагата“

Tајкунот бара – преку својата социјална платформа Трут – итно враќање на некои документи.

Министерството за правда на САД се спротивстави на откривањето на деталите содржани во барањето за овластување за претрес на вилата на Доналд Трамп. Причината, известува Си-Ен-Ен, е „откривањето на елементи кои би можеле да ја загрозат истрагата“, вклучувајќи ја и соработката на сведоците кои му помагале на ФБИ со своите информации.

Некои медиуми побараа објавување на документот со кој од сојузниот судија беше побарано зелено светло за собирање строго доверливи материјали во резиденцијата на поранешниот претседател на САД на Флорида. „Фактот дека оваа истрага – објаснува Министерството за правда – вклучува високо класифицирани материјали ја нагласува потребата да се заштити интегритетот на истрагата и ја нагласува потенцијалната штета доколку информациите се објавуваат предвреме и неправилно“.

Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, вели дека поранешниот американски претседател „речиси сигурно“ лаже дека имал доверливи материјали во неговата вила на Флорида. Говорејќи за Њујорк Тајмс, Болтон ја отфрли можноста дека некогаш ја слушнал наредбата на тогашниот претседател за „декласификација на документите“, како што самиот Трамп тврдеше, за да го оправда присуството на претседателски документи во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, известува раињуз.

„Никогаш не сум бил информиран за таква наредба – рече Болтон – да нарачал вакво нешто, ќе се сеќавав на тоа. Мислам дека никој не знаеше“. Поранешниот советник истакна дека летните вили на Трамп во Флорида и Њу Џерси имаат софистициран безбедносен систем способен да чува тајни документи, така што „Трамп немал потреба да декласифицира“ ништо.  „Кога некој ќе состави низа лаги како овие – заклучи тој – тоа покажува вистинско ниво на очај“.

Слични објави

Кога ќе одлучиш дека е време за поголема тежина, а тегот има друга идеја: хит-снимка од теретана на Лаура Гњатовиќ

Т.Ц.

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Т.Ц.

(Видео) Низ овој тунел на Хвар возачите возат со страв – не е за оние што страдаат од клаустрофобија

Т.Ц.

Стадо овци, шарпланинци, грациозни коњи – Спасен Силајноски на прошетка низ убавата Македонија

Еспресо

Хороскоп за 13 јули: Овните ќе бидат љубоморни, Раковите ќе се истакнат на работното место

Еспресо

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо
Се вчитува....