5.8 C
Скопје
02:08 - 1 април, 2026

Трагедија, почина црногорскиот голман Матија Шаркиќ: Му се слошило во станот во Будва

Голема трагедија го снајде црногорскиот фудбал и спорт.

Како што пренесува порталот РТЦГ, почина голманот на црногорската репрезентација Матија Шаркиќ.

На голманот на Милвол (26), Англија, рано утринава му се слошило во станот во Будва, неговите пријатели повикале брза помош, но немало начин да го спасат.

Шаркиќ неодамна брилјираше на голот на „соколите“ на пријателскиот натпревар против Белгија, а потоа поради лични обврски останал во Брисел и го прескокна дуелот со Грузија, кој се играше пред шест дена на стадионот под Горица.

Мина низ помладите категории на Андерлехт, а потоа кариерата најмногу ја врза за Островот – беше во Астон Вила, Виган, Стратфорд, Ливингстон, Вулверхемптон, Бирмингем…

Од август минатата година беше дел од Милвол, член на англискиот шампионат.

За Црна Гора имаше девет настапи, се веруваше дека црногорската репрезентација има голман за во иднина, но денеска од Будва стигна трагичната вест.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....