15:59 - 1 април, 2026

„Траеше три години пред да се разведам“: Емина Јаховиќ првпат открива зошто ставила точка на бракот со Мустафа Сандал

По години молк и бројни шпекулации во јавноста, пејачката Емина Јаховиќ конечно проговори за причините поради кои се разделила од турскиот пејач Мустафа Сандал.

Во искрено интервју, Емина призна дека никогаш не се покајала за разводот.

„Никогаш не ми беше жал што се разведов, и фала му на Бога што така се случи. На жените би им порачала добро да размислат пред да се одлучат на таков чекор, особено ако имаат деца. Понекогаш луѓето сакаат развод поради некои навистина неважни причини“, изјави Емина.

На прашањето дали причините за нејзиниот развод биле „глупави“, таа искрено одговори:

„Нашиот развод не беше ни глуп, ни некоја ненормална ситуација. Никој никого не изневери, ништо лошо не се случи. Едноставно, работите згаснаа. Имав 35 години, и да прифатиш на тие години да живееш во брак во кој нема ни сила ни страст… И не мислам само на физичка страст. Мислам на тоа и двајцата да се трудат подеднакво, да се компатибилни во сè. Кај нас тоа почна да се нарушува. И многу пред официјалниот развод – тоа траеше три години претходно“, откри пејачката во емисијата „Сцена специјал“.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....