7.8 C
Скопје
22:37 - 31 март, 2026

Тори Спелинг хоспитализирана: „Благодарна сум на моите деца кои остануваат позитивни без разлика што ќе ми се случи“

Глумицата Тори Спелинг моментално е во болница по неоткриена медицинска причина. Ова е четврти ден како е хоспитализирана. За веста самата ги извести своите следбеници откако објави фотографија на социјалните мрежи.

инстаграм

Последниот пат кога Спелинг ги освои насловните страници беше поради тоа што, поранешната богата наследничка која ги потроши парите на татка си, заедно со своите деца живее во подвижна приколка, а од домот се преселила поради мувла.

Според нејзината објава на Инстаграм на нејзината рака има болничка нараквица и број IV, а таа објаснува „4-ти ден овде и толку многу ми недостигаат моите деца“.

„Благодарна сум и толку горда на моите силни, храбри, издржливи и љубезни деца кои остануваат позитивни без разлика што ќе ми се случи“, додава Тори.

Тори не откри зошто е хоспитализирана, но познато е дека првпат била примена во болница на 17 август.

Според TMZ, живеењето во приколка било само привремено, а постои сомневање дека нејзината мајка која го наследила богатството на Арон Спелинг (таткото на Тори) не сакала да ѝ помогне на банкротираната богаташа. Меѓутоа, медиумот тврди дека Тори и мајка ѝ (Кенди Спелинг) веќе разговарале и постои шанса да се смират. „Ја сакам ќерка ми и ја поддржувам во што и да прави… Ја поддржувам ќерка ми, што да ви кажам?“ – им одговорила Кенди на новинарите.

Не е јасно дали веќе Тори ја добива помошта и поддршката од мајка си.

Инаку, според Пипл, страшната кавга межу мајката и ќерката датира од минатото, уште пред десетина години, а била поврзана солошите инвестиции на поранешниот сопруг на Тори, Мекдермот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....