07:11 - 4 април, 2026

Тони Цетински: „ЕДВАЈ ЈА ПРЕЖИВЕАВ ПАНДЕМИЈАТА. СО СОПРУГАТА ШТЕДИМЕ И ЖИВЕЕМЕ СКРОМНО“

За време на гостувањето во Радио Далмација, Тони Цетински раскажа како се справувал со пандемијата, кога музичарите поради епидемиолошките мерки не одржуваа концерти.

„Едвај преживеав. Не се работи за финансии затоа што после 30 години кариера човекот се навикнува да штеди. Јас и мојата сопруга немаме таков начин на живот, иако на луѓето може да им се чини дека естрадата живее гламурозно. Ние живееме доста скромно и нормално, ништо поразлично од нормалниот човек. Се трудиме да не трошиме на глупости“, изјави пејачот.

Тој вели дека едвај чекал да може да патува нормално. Тони минатата година стана дедо, а со својот внуката редовно се слуша преку видео повик.

„Сега само го чекам вистинскиот момент да одам во Берлин. Тие живеат во Берлин и се уште не сум ја видел во живо. Ја гледам секој ден преку видео повици, си играме колку што е можно преку телефон и контактираме, но морам да одам во Берлин, морам да се упатам таму и да ја гушнам. Тогаш ќе ви кажам какво е чувството. Засега мислам дека е исто како да пробаш некому да му објасниш како е да се биде родител. Тоа никому не можеш да му го објасниш додека не стане родител, така е и да се биде „ноно“, јас мислам помножено со пет“, заклучил Тони.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....