-0.2 C
Скопје
06:50 - 10 март, 2026

Том Круз ни покажа на сите дека се враќа одењето во кино – „Top Gun: Maverick” го скрши мразот по пандемијата

том круз

Американската асоцијација на продуценти PGA му додели на Том Круз награда за животно дело и му се заблагодарија на актерот што со неговиот настап во минатогодишниот блокбастер „Top Gun: Maverick” и даде поддршката на филмската индустрија, загрозена од пандемијата на коронавирус.

„Том Круз ни покажа на сите дека одењето во кино се враќа“, рече Шери Лансинг, поранешна управителка на компанијаат за производство и дистрибиција на филмови Paramount Pictures.

Шеесетгодишниот Круз се прослави како ѕвезда во повеќе филмови, а ги продуцираше филмовите Vanilla Sky, The Last Samurai, Mission Impossible и Maverick, кои заработија речиси 1,5 милијарди долари ширум светот.

Во својот говор, Круз ја пофали работата на телевизиските и на присутните филмски продуценти.

„Знам што е потребно за да се направи тоа што вие го правите. Тоа не е само среќа. Треба да ја создадеш таа среќа. Мора да го посакувате нештото за да се оствари. И сакам да знаете дека секогаш ќе навивам за вас. Ќе продолжам да правам се што можам за да и помогнам на оваа индустрија и на оваа уметничка форма што ја сакам“ , рече Том Круз.

Филмот „Се во исто време“ беше прогласен за најдобар, што треба да и даде своевидна препорака за церемонијата на доделување на Оскарите што ќе се одржи на 12 март.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....