35.8 C
Скопје
13:28 - 21 август, 2026

Том Холанд за паузата од глума и емотивниот пад: „Улогата на убиец ме скрши, сакав да ја избричам главата за да се одвојам од ликот“

Неодамна во интервју за „Екстра“ Том Холанд откри дека ќе паузира од актерството следната година. Оваа одлука доаѓа по интензивното работење на неговиот нов криминалистички трилер за Apple TV+, насловен „The Crowded Room“. Во серијата, Холанд го игра Дени Саливан, лик базиран на личноста од реалниот живот Били Милиган, кој имал дисоцијативно нарушување на идентитетот и бил вклучен во пукање во Центарот Рокфелер во 1979 година.

Холанд се отвори за предизвиците со кои се соочил за време на продукцијата на серијата: „Беше тежок период, тоа е сигурно. Истражувавме одредени емоции кои дефинитивно никогаш не сум ги доживеал. А потоа, згора на тоа, да се биде продуцент, да се занимавате со секојдневните проблеми што доаѓаат со секој филмски сет, само ми додадоа дополнително ниво на притисок“.

Иако вели дека уживал во обидот и „учењет“о да биде продуцент, потопувањето во лик со сериозни проблеми со менталното здравје го турнало под неговите граници на издржливост. „Снимањето на серијата навистина ме скрши, многу беше тешко“, рече тој.

Во претходното интервју за Entertainment Weekly, Холанд спомна дека работата на „The Crowded Room“ имала големо влијание врз неговиот личен живот, што довело до „мал пад“. Тој дури размислувал да ја избричи главата за да се одвои од ликот.

И покрај предизвиците, Холанд најде некои позитивни резултати од процесот. Тој откри дека е трезен повеќе од една година и дека за тоа е заслужна серијата што ја сменила неговата перспектива за менталното здравје. „Учењето за менталното здравје и моќта на тоа, и зборувањето со психијатри за борбите на Дени и Били, беше нешто што беше толку информативно и корисно за мојот сопствен живот“, сподели тој.

„The Crowded Room“ има импресивна актерска екипа, вклучувајќи ги Аманда Сејфрид, Саша Лејн, Вил Чејс, Лиор Раз, Лајла Робинс, Кристофер Абот и Хенри Ајкенбери. Премиерата на серијата е закажана за 9 јуни ексклузивно на Apple TV+.

 

Слични објави

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Еспресо

„Баш ми е жал што Душко раскина со девојката!“: Тошиќ дошол на настапот на Карлеуша, таа блеска од среќа

Еспресо

Ирина и Павле Камилоски ја крстија ќеркичката во Галичник – го носи името на свекрвата на Ирина

Еспресо

Милош Биковиќ ги воодушеви следбениците откако со синот Василие го запеа хитот од Драгана Мирковиќ

E.A.

Дневен хороскоп за 21 август: Очекувајте одлични вести

apostolova
Се вчитува....