5.8 C
Скопје
01:44 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Том Хенкс ја продава „пегличката“, цената е повисока од што очекувате

Актерот Том Хенкс одлучи да го продаде неговиот „фиат 126п“, автомобил познат како „пегличка“, а целиот приход што ќе го собере ќе го донира во добротворни цели. Популарниот актер го добил овој олдтајмер како подарок во 2016 година.

Жителите на градот Биелско-Биале во Полска, поточно сограѓанката Моника Јасколска, за роденден му ја подарила нејзината „пегличка“. Автомобилот од 1974 година бил целосно реставриран и дотеран за актерот кој не можел да сокрие колку е возбуден и среќен.

-Едноставно прекрасен и преубав автомобил. Не сум сигурен колку километри ќе помине на патиштата во Калифорнија, ама се тешам што можам да го поправам со шрафцигер и женски каиш – изјави своевремено Хенкс и како благодарност донираше голема сума пари за болницата во која работела Јаколска.

Во моментов неговата „пегличка“ е на аукцијата Бринг а Треилер, а највисоката понуда изнесува 57.000 долари. Таа цена е сигурно највисоката што некој би ја платил за овој олдтајмер.

Малата „пегличка“ однадвор е со бела боја, а внатрешноста е зелена со бели детали. Новиот сопственик со неа ќе добие и ракавици за возење, резервни свеќици и документи за сервис. Актерот дури и се потпишал на внатрешноста на вратата од страната на возачот.

Хенкс сака да го продаде својот автомобил за да собере пари за фондацијата на Елизабет Дол и нејзината кампања Hidden Heroes.

Фондацијата „Елизабет Дол“ е основана во 2012 година со цел подигнување на свеста на јавноста, поттикнување истражувања и соработки за поддршка на 5.5 милиони американски сопружници, родители, членови на семејства и пријатели што се грижат за ранети, болни или повредени американски ветерани.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....