23.8 C
Скопје
12:01 - 10 октомври, 2026

„Тоа е за мене сосема поинаква тага“: Тијана Богиќевиќ искрено за најголемата животна загуба и разводот

Поп-пејачката Тијана Богиќевиќ зборуваше отврено пред големиот солистички концерт во Сава Центар кој треба да се случи на 17 декември, зборувајќи за најтешките моменти во животот, вербата во љубовта и разводот .

Иако нејзините балади често звучат меланхолично, Тијана истакнува дека приватно многу се смее и не сака животот да го сфаќа премногу сериозно. Сепак, најголемата болка што ја доживеала не е поврзана со естрадата или љубовните бродоломи, туку со загубата на својата мајка:

„Загубата на мама за мене е сосема поинаква тага. Љубовните таги, колку и да изгледаат страшно, знаеш дека ќе поминат и дека повторно ќе сакаш. Кај загубата на мајката нема тоа ‘ќе помине’ — само учиш да живееш со тоа што тој човек веќе го нема. Има моменти кога би дала сè само уште еднаш да ѝ кажам нешто, да ја побарам или да ѝ го слушнам гласот. Тоа е тага што ниту една љубовна песна не може да ја допре“.

За крајот на својот брак и за новиот поглед кон љубовта и животот по 40-тата година, пејачката додава:

„Мојот брак не го гледам како грешка ниту како причина да се разочарам во љубовта. Тоа беше голем дел од мојот живот со многу љубов, но луѓето понекогаш се менуваат. Поубаво ми е тоа што било да го носам со благодарност, отколку со горчина. Повторно би се омажила доколку така чувствувам, но самиот хартиен чин веќе не ми е потврда за ништо — важни се обичните денови кога ќе дојдат проблемите“.

Богиќевиќ на шега порача и дека ги поддржува сите жени по 40-тата година да си го носат тоа што го сакаат, истакнувајќи дека на 44 години сè уште со задоволство носи мини-здолништа, но и дека и понатаму инвестира во кариерата и добрата песна наместо во скапи чанти.

Слични објави

Андрија Милошевиќ ослабе 20 килограми без диета: „Променете го начинот на живот, од одрекување нема ништо“

E.A.

„Време е девојчето да прерасне во жена“: Калиопи откри како Ромео Грил ѝ ја претставил „Бато“ во далечниот Мурманск

Еспресо

Ова е вистината за поделбата на имотот на Марија Микиќ и Јован Пантиќ

E.A.

Хороскоп за 10 октомври: Јарците ќе уживаат во љубовта

Еспресо

Откриени се детали за здравствената состојба на Саша Ковачевиќ откако ги одложи концертите

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ се огласи од Бали: „Дојде моментот да споделам со вас…“

Еспресо
Се вчитува....