8.8 C
Скопје
12:22 - 4 февруари, 2026

Тивко ме гушкаш кога немам сила: Тажна објава на Кристина, сестрата на Филип Стевановски од „ДНК“ кој загина во пожарот во Кочани

Тажни зборови за својот покоен брат напиша Кристина Стевановска, сестрата на Филип Стевановски, клавијатуристот на групата „ДНК“ кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.
Стевановски инаку беше тромбонист и пеофесор, и директор на Центарот за култура во Штип. Во Куманово на Џез фестивалот се промовираше монографија во негова чест која ја напиша татко му Маријан Стевановски и се свиреа негови дела.
-Среќен роденден, моја Легендо…Филе, Филип Стевановски.  36 години славевме – родендени, изненадувања, радости и моменти што засекогаш ќе живеат во мене.
Пред една година, токму на овој ден, уживав во звуците од клавијатурата и саксафонот на Иле – беше твој роденден, настапувавте, и јас со гордост и радост уживав со вас вклучена во живо. Радосна што соработувавте, среќна што се споивте и во музиката.
Сега, една година подоцна, ми остана само сеќавањето — и тоа е мојот рај. Знам дека таму горе, некаде меѓу звуците и ѕвездите, уживаш со оние што повеќе те заслужуваат во моментов.
Ние овде — те оживуваме преку твоите дела, преку настаните што се создадени за тебе.
Два зад нас, денес третиот… и секој е дел од тебе. Сигурна сум дека се гордееш. Грми горе – знам, менаџираш како и секогаш и низ насмевка искажуваш среќа. Ми праќаш звук, мелодија… и тивко ме гушкаш кога снемам сила…
Во овој миг, единствено небесниот поглед не спојува… Моето секојдневие во сеќавање и љубов си ти, моја Легендо, виртуозу, ангелу… ти имаш само датум на раѓање…неколку точки и бесконечност“, напиша Кристина Стевановска.

Слични објави

По фрлената бомба, семејството на Здравко Чолиќ не излегува од куќата – други им носат храна!

Еспресо

Брзо ја преболе: Бившиот на бремената Едита Арадиновиќ веќе си најде нова девојкa

Еспресо

(Фото) Извајани мускули и исончано тело: Саша Ковачевиќ се пофали со фотографии од одморот во Тајланд

Еспресо

Карлеуша ја откри вистината за татко ѝ Драган: Никој не го знаеше ова со години, сега ја избегнува јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 4 февруари: Бидете фокусирани и упорни

apostolova

Кој е мистериозниот татко на детето на Милица Тодоровиќ? Се породи денеска, 9 месеци не кажа ниту збор за својот партнер

Еспресо
Се вчитува....