2.8 C
Скопје
23:14 - 11 март, 2026

Тимот на Северина му возвраќа на судот: „Таа не навредуваше, туку протестираше за постапките на Центарот…“

Во обвинението се наведува дека Северина минатата година на Денот на вљубените навредувала социјалниот работник од Центарот за социјални грижи Максимир.

Откако Прекршочниот суд во Загреб ја прогласи Северина Вучковиќ (50) за неправосилно виновна и ја осуди за прекршок од член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се огласи и нејзиниот тим, чија изјава во продолжение ви ја пренесуваме во целост.

– Северина не навредуваше, туку протестираше поради незаконското однесување на Центарот и најави дека ќе ги пријави и јавно ќе го објави нивното незаконско однесување. Северина, секако, ќе поднесе жалба на оваа одлука. Станува збор за социјална работничка од подрачната служба на Центарот за социјални работи, за која од управниот надзор било констатирано дека направила голем број грешки во постапувањето, поради што е сменета, а денеска друг центар постапува со случајот. Во конкретниот случај станува збор за разговор со социјален работник откако Северина ја известиле дека ќе дојде кај неа на надзор за да провери во какви услови живее нејзината мајка, иако претходно истата социјална работничка тврдеше дека ќе ја игнорира пријавата на нејзината сестра бидејќи ја виделе мајката во нејзиниот дом и виделе дека жената е добро и дека е згрижена. Но, поради притисок од поранешен финансиски моќен партнер, за кој има и писмени докази, Центарот сепак одлучил да дојде во просториите во кои живее мајката на Северина, што било понижувачко за жената за која се грижи Северина. Надзорот, секако, утврдил дека Северина се грижи за својата мајка, како што таа од самото раѓање го чувала своето дете на најдобар можен начин. Инаку, сестрата на Северина не ја видела нивната мајка со години пред тоа, а Северина освен што се грижи за мајката и детето, се грижи и за ќерката на сестра си од нејзината 19-та година –  информираат од ПР тимот на Северина, а пренесуваат хрватските медиуми.

Во тужбата пишува дека Северина ја навредувала социјалната работничка. Центарот за Социјална заштита поднесе пријава против пејачката за нарушување на јавниот ред и мир. Според пријавата, пејачката се јавила во Центарот и „вербално и агресивно настапила кон социјалната работничка во предметот“. Во разговорот наводно „не избирала зборови“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....