7.8 C
Скопје
10:23 - 1 април, 2026

„Ти си следна по Салман Ружди“: Смртни закани од естремист за писателката Џ.К.Роулинг

Авторот на серијалот „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, доби јавна закана од екстремист поддржан од Иран набргу откако таа го осуди вчерашниот напад врз колегата Салман Ружди.

Роулинг, која претходно беше мета на транс-активисти поради нејзините родови убедувања, на Твитер објави дека е ужасната од нападот врз Салман Ружди, по што еден од корисниците на мрежата ѝ упати закани.

Во твит Џ.К. Роулинг коментирајќи го она што му се случи на Салман Ружди напиша: „Ужасни вести. Сега се чувствувам навистина лошо. Се надевам дека е добро“.

Како одговор, креаторката на Хари Потер доби застрашувачка закана „Не грижи се, ти си следната“, што ја поттикна да побара поддршка од Твитер заедницата.

Авторот на пораката, Меер Асиф Азиз, во својата биографија се опишува како студент и активист, како и дека јавно ја напишал својата поддршка за Хади Матар, виновникот за нападот врз Ружди.

Џ.К. Роулинг, набргу потоа, ги извести своите следбеници пишувајќи кратка порака:

„До сите луѓе кои ми испраќаат пораки за поддршка: ви благодарам. Полицијата е веќе вклучена (тие веќе беа вклучени и со други закани)“ кои ѝ биле упатени.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....