09:57 - 2 ноември, 2026

„Ти си нашата гордост, нашата сила“ – помалата ќерка на Сузана Гавазова наполни 11 години

Сузана Гавазова го одбележа 11. роденден на својата помала ќерка Селена со емотивна објава на социјалните мрежи.

Пејачката сподели видео составено од семејни фотографии и снимки направени низ годините, на кои се гледаат заеднички моменти со Селена, постарата ќерка Емелие и сопругот Јасмин, како и кадри од нивните патувања.

Покрај видеото, Гавазова ѝ упати и роденденска порака на својата ќерка.

„Среќен 11-ти роденден Селена!

Денес славиме 11 години исполнети со твојата насмевка, добрина, љубов и радост.

Ти си нашата гордост, нашата сила и најубавата причина секој ден да бидеме среќни.

Ти посакуваме да растеш здрава, среќна, храбра и секогаш со насмевка на лицето.

Нека сите твои соништа се исполнуваат, а животот нека ти донесе безброј убави моменти, искрени пријателства и многу љубов.

Те сакаме неизмерно и секогаш ќе бидеме покрај тебе. Среќен роденден, наша принцезо!

Со бескрајна љубов, мама, тато и Емелие!“, напиша Сузана.


Сузана Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин се родители на две ќерки. Постарата, Емелие, во април годинава го прослави својот 12. роденден, а семејството често споделува моменти од заедничките патувања и семејниот живот на социјалните мрежи.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.
Се вчитува....