11:02 - 2 ноември, 2026

Естрадата го испрати Владо Јаневски во вечниот дом со неговите песни

Со песните што го обележаа неговиот живот и младоста на многу генерации, денеска на градските гробишта Бутел во Скопје, беше последното испраќање на македонскиот музичар Владо Јаневски.

Неговата сестра и блиското семејство го испратија во вечниот дом чаирскиот романтичар. Поголемиот дел од музичарите од македонската естрада дојдоа да му оддадат почит на Владо, коментирајќи дека, за жал, требало да се случи да си замине за да ги собере сите на едно место.

Владо Јаневки почина на 28 јуни по кусо боледување во Скопје и речиси целата естрада се прости од него на социјалните мрежи.

Вчера, со насолзени очи и со свеќи во рацете, граѓаните на глас ја пееја песната „Некогаш и негде“, еден од најголемите хитови на на Владо Јаневски. Пред Арената „Борис Трајковски“ се собраа негови обожаватели од сите генерации, колеги и пријатели и секој имаше по некој свој спомен за човекот кој им подари песни на неговиот Чаир, на Скопје и на Македонија.

„Никогаш нема да заборавам дека Владо најмногу ме изненади на нашата свадба со Влатко. Тој дојде со букет од 101 црвена роза. И тој, и ние со ‘Силви бенд’ почнувавме со кариерите во речиси исто време и многу се дружевме. Зад Владо, којшто иако изгледаше навидум ладен, дистанциран, можеби осамен и далечен, се криеше исклучително емотивна душа. Послушајте му ги песните“, ни изјави Силвана Мучиќ – Пленеш од „Силви бенд“.

Последниот настап на Владо бил на 8 април во Охрид, со Влатко Плевнеш кој беше негов близок пријател.

Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин на хрватската пејачка Весна Писаровиќ на нејзиниот концерт во Филхармонија.
Владо одржа заеднички концерт со Момчило Бајагиќ-Бајага на 14 февруари во Скопје, а две недели потоа настапи на „Златна бубамара на популарноста“.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Издаде шест студиски албуми, бројни големи хитови, како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ и многу други.

Тој беше првиот македонски претставник на Евровизија со песната „Не зори зоро“ во 1998.
Последните неколку години живееше мирно и повлечено во Гевгелија, но имаше редовни настапи.

Слични објави

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.
Се вчитува....