00:41 - 4 ноември, 2026

(Видео) Македонката Тамара издоминира на „Ѕвездите на Гранд“, жирито остана без зборови

Македонската пејачка Тамара Волческа од Гостивар имаше успешен настап во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ и обезбеди пласман во следната фаза.

Волческа доби шест од можните седум гласа од жирито, а единствено Кеба не ѝ даде поддршка. Членовите на жирито го пофалија нејзиниот вокал, сценската сигурност и начинот на кој ја пренесе емоцијата преку песните.

„Ти верувавме во сè што испеа“, беше еден од коментарите што ги доби по настапот, додека Дара Бубамара особено ја пофали бојата на нејзиниот глас.

За време на разговорот со жирито, Тамара откри дека активно се занимава со музика веќе четири години. Нејзиното досегашно искуство на македонската музичка сцена беше забележливо и за време на настапот, при кој покажа самоувереност и сигурно сценско присуство.

Со освоените шест гласа, гостиварката продолжува во следната фаза од натпреварувањето, а нејзин ментор ќе биде Александар Милиќ – Мили, со кого ќе се подготвува за следните настапи во „Ѕвездите на Гранд“.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....