10.8 C
Скопје
19:03 - 11 март, 2026

„Ти благодарам што му удри шамар на Крис Рок, тој е силеџија“: Внукот на Мајкл Џексон на страната на Вил Смит, еве зошто

Додека многумина го фалат најновиот стенд-ап специјал на Крис Рок на Нетфликс, семејството и обожавателите на починатиот Мајкл Џексон не се воопшто воодушевени од комичарот.

Во Chris Rock: Selective Outrage, комичарот го спореди починатиот крал на попот со осудениот R&B пејач Ар Кели, шегувајќи се дека го направиле „истото злосторство“.

Таџ Џексон, внукот на Мајкл Џексон, на Твитер го нарече Крис Рок „силеџија“ и му се заблагодари на Вил Смит што му удри шамар на Оскарите во 2022 година.

„Крис Рок го користеше моето семејство како боксерски вреќи во текот на целата своја кариера. Па зарем јас треба да се чувствувам лошо што доби шлаканица и понижување на Оскарите“, напиша Џексон.

Синот на Тито Џексон, Таџ, оригиналниот член на групата 3T, направи список со три работи што мораше да му ги каже на Крис Рок:

„Откако видов нов клип на кој го напаѓа мојот мртов вујко во првите минути од неговиот Selective Outrage, имам 3 работи да му кажам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taj Jackson (@tajjackson)

1. „Што ти направи моето семејство за да добива со децении малтретирање, а твоето постојано малтретирање е маскирано како шеги?“
2. „Само затоа што си бил малтретиран во рана возраст во животот, не ти дава изговор да ги малтретираш другите сега“
3. „Ти Бблагодарам Вил Смит“.

Од друга страна пак, обожавателите на Рок, нестрпливо го очекуваа неговиот став за шлаканицата што ја доби од Вил Смит на Оскарите, и тие воопшто не беа разочарани од стенд-ап одговорот на легендарниот комичар на оваа тема.

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо
Се вчитува....