9.8 C
Скопје
03:05 - 4 април, 2026

Тешка судбина на олимпискиот шампион, состојбата е критична, лекарите се борат да го спасат

Олимпискиот шампион во уметничко лизгање Роман Костомаров (45) доживеа мозочен удар откако претходно му беа ампутирани двете раце и нозе, а шансите за преживување се минимални, пишува Риа Новости.

Костомаров на почетокот на оваа година беше примен на интензивна нега бидејќи беше заразен со коронавирусот, а ситуацијата станала многу посложена. Имал тешко воспаление на белите дробови, а потоа се појавила гангрена, за која лекарите морале итно да постапат за Русинот да има какви било шанси да преживее.

Ткивото во стапалата прво му скапало поради нарушувања на циркулацијата, а сега му се ампутирани двете раце, за да се спречи ширење на бактерии и смрт на други делови од телото, ја пренесува „Еуроспорт“ тешката вест за еден од најголемите руски спортисти.

Костомаров освои златен медал на Зимските олимписки игри во Торино, во 2006 година, кога настапи во парови со Татјана Навка, а потоа заедно беа двократни победници на светските и трикратни на европските првенства. Настапуваше и со Ана Семеновиќ и Екатерина Давидова, а одамна се повлече од спортот, но остана активен како коментатор во уметничко лизгање.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....