15.8 C
Скопје
18:13 - 10 април, 2026

Теодора Џехверовиќ пронашла кученце покрај контејнер и го однела дома, сега нуди награда од 100 евра за некој да го посвои

Пејачката Теодора Џехверовиќ откри дека пронашла кученце покрај контејнер и не можела да го остави, па го однела дома.

Сега се огласила на мрежите и откри дека не може да го чува, но дека нуди награда за оној кој ќе го посвои.

Имено, Теодора прво го однела кученцето кај ветеринар, а потоа и во нејзиниот дом. Бидејќи веќе има едно куче, не може да го чува, па сега нуди 100 евра за некој да го посвои.

– Го исчистивме од болви и крлежи, му дадовме апче против паразити, го искапавме. Ако има некој што би сакал да го посвои и да му го даде животот што досега го немал, пишете ми во директна порака. Со задоволство би го земала, но кучето што веќе е во мојата куќа не го прифати добро и не би сакала кутрото да доживее дополнителен стрес. Оној што ќе го посвои ќе добие подарок и храна за него во вредност од 100 евра. Се надевам дека ќе оди кај прекрасна личност – напиша Теодора.

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin
Се вчитува....