5.8 C
Скопје
06:59 - 1 април, 2026

Тејлор Свифт распродаде 170.000 билети за концертите во Виена: Се бара карта повеќе, голем интерес и од фановите од регионот

Тејлор Свифт собори уште еден рекор – за најбрзо распродаден концерт во Австрија.

Вчера во 12 часот започна претпродажбата на билетите за три концерти на Тејлор Свифт во Виена. Многу фанови напнато седеа пред компјутерите и чекаа да почне распродажбата за да си ги обезбедат билетите. Пејачката ќе настапи во Виена на 8, 9 и 10 август 2024 година на стадионот Ернст Хапел.

За два часа биле распродадени дури 170.000 билети. Имено, Тејлор го соборила рекордот за најбрзо распродаден концерт во Австрија.

За концертите во Виена, голем интерес покажаа и фановите од целиот регион на поранешна Југославија, но само среќниците успеале да дојдат до билет.

Додека продажбата во Австрија се одвиваше без проблеми, поради приливот на фанови во САД, Велика Британија и Франција имаше проблеми. „Варајети“ објави дека во еден момент имало 700.000 луѓе кои чекале да купат билет за концертот во Франција, па како што се очекувало, Интернет страницата на која се купувале билети паднала.

Турнејата на Тејлор Свифт „The Eras“ започна на 17 март во американскиот град Глендејл, а од мај 2024 година пејачката ќе одржува концерти низ Европа. Се очекува тоа да биде првата турнеја досега која ќе надмине 1 милијарда долари во бруто.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....