Популарната пејачка Теа Таировиќ, во емотивно гостување во емисијата кај својата мајка Божица Малевиќ, отворено проговори за својот трнлив пат до врвот, амбициите и моментите кои и ја одбележаа кариерата.
Теа призна дека е екстремно самокритична и дека по големиот дует со легендарниот Шабан Шаулиќ, кој на почетокот ја вивна во небесата, сепак морала да вложи многу поголем труд од другите за да ја докаже својата вредност на естрадата.
„Неверојатно е колку сум строга кон себе и кон соработниците. По дуетот со Шабан, како да ми требаше двојно повеќе време и труд за да покажам колку вредам. Тој период ми делуваше како вечност“, искрена е пејачката.
Како клучна пресвртница во нејзината кариера ја посочи песната „Хајде“, откривајќи дека сама ја цртала мапата за спотот во своите тетратки бидејќи никој не ја сфаќал сериозно нејзината визија. Сепак, најдраматичниот момент се случил на нејзиниот прв голем солистички концерт во Белград.
„Тој ден Белград буквално пливаше во вода од дожд, но Ташмајдан остана сув. Бев толку преморена од сите околности што паднав во несвест непосредно пред да излезам на бината. Кога се освестив, ми беше сеедно за сè – излегов и пеев како тоа да ми е последно во животот“, раскажа Таировиќ.
