9.8 C
Скопје
19:19 - 12 март, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Почина врвниот Иван Тосовац

иван тосовац

Директорот на Белградската филхармонија, Иван Тосовац почина на 55-годишна возраст вчера во својот дом во Белград откако одеднаш му се слошило. Екипата на брзата помош се обидела да го реанимира, но безуспешно.

Тасовац дипломирал пијано на Конзерваториумот „Петар Илиќ Чајковски“ во Москва, во класата на професорот Сергеј Доренски. Тој беше директор на Белградската филхармонија во период од 2001 до 2013 година. На почетокот на 2014 година, во конкуренција за нов директор, тој бил едногласно избран за најдобар кандидат за оваа позиција.

Тасовац на 12-годишна возраст дебитирал со оркестарите на Белградската и Загребската филхармонија. Настапувал како солист со оркестри во Италија, Швајцарија, Шпанија, Ирска, САД, Русија, Белгија. Беше член на жирито на меѓународни натпревари, водеше мастер курсеви по пијано во Италија, Русија и поранешна Југославија.

Тој ја освои наградата „Disrupton“ за 2004 година, што ја доделува претставникот на рекламната мрежа TBWA на оние кои работат поразлично од другите, ги менуваат правилата и ги надминуваат границите на вообичаеното. Добитник е на годишната награда за 2005 година, што ја доделува „Samsung“. Добитник е на наградата „Придонес на годината за Европа 2009“. Неделникот „Време“ го избра за личност во 2011 година.

Тој беше претседател на Советот за промоција на Србија. На крајот на август 2013 година, тој ја прифати поканата на премиерот Ивица Дачиќ да стане министер за култура.

Во април 2014 година, тој повторно беше назначен за министер за култура и информации. Тој ја извршуваше оваа функција до август 2016 година, кога беше избрана новата Влада на Србија.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....