7.8 C
Скопје
21:25 - 31 март, 2026

Таткото на Расел Бренд во одбрана на синот: „Мрачни сили се одмаздуваат“

Откако четири жени го обвинија Расел Бренд за силување, сексуален напад и злоупотреба, се огласи таткото на актерот, Рон.

Тој рече дека тврдењата против неговиот син се „недокажани“ и дека „мрачните сили се одмаздуваат“ додека жените продолжуваат да излегуваат со информации за злоставување што наводно го претрпеле, пишува Мирор.

Потсетуваме дека по заедничка истрага на лондонските Сандеј Тајмс, Тајмс и Чанел 4, познатиот актер и комичар се соочува со обвинувања за силување на четири жени, меѓу кои и 16-годишна тинејџерка.

Обвинувањата датираат помеѓу 2006 и 2013 година, кога Бренд беше на врвот на својата слава, работејќи за BBC Radio 2 и Channel 4 и глумеше во голем број холивудски филмови.

Сега уште неколку жени излегоа со обвинувања за Бренд. Тајмс и Сандеј Тајмс пишуваат дека неколку жени се жалеле на однесувањето на актерот во раните 2000-ти. Нивните тврдења се уште не се објавени, но велат дека ќе бидат ригорозно проверени.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....