-1.2 C
Скопје
04:13 - 11 март, 2026

Тајното оружје на принцот Хари и Меган Маркл: Лилибет да стане најпознатата славна личност во САД

Принцезата Лилибет, најновиот член на семејството Сасекс, ќе стане најпознатата американска славна личност, според кралскиот експерт Сандро Монети.

Монети тврди дека принцот Хари и Меган Маркл основаат „алтернативно кралско семејство“ во САД, а како единствена принцеза родена во Калифорнија, Лилибет е подготвена за ѕвезда.

Иако двегодишното девојче едвај може да се види во јавноста, нејзиното неодамнешно тајно крштевање во семејниот дом во Монтесито го подигна интересот на јваноста за неа како за многу важна личност. Но и нејзината соодветна кралска титула, го зголеми нејзиниот потенцијал за слава.

Според Монети, славата на Лилибет во иднина само ќе расте: „Замислете, 21-годишна Лилибет, таа ќе биде најголемата славна личност во градот“, рече тој во интервјуто за „Вистински кралски подкаст“ на HELLO!.

Тој, исто така, објасни дека присуството на Хари и Меган во Калифорнија создаде алтернативно кралско семејство, а активизмот и јавните настапи на парот привлекоа значително внимание.

Ова внимание не е ограничено само на САД. Како што забележа Монети, во Британија има многу повеќе луѓе кои се фанови на кралски личности.

Работата на Хари и Меган со Нетфликс, подкастот на Меган на Spotify и нивното присуство на престижните церемонии за доделување награди придонесоа за нивната зголемена слава, а со тоа тие паралелно работат и на славата на нивните деца.

На крајот на краиштата, позицијата на Лилибет како член на кралско семејство родена во Калифорнија ја издвојува од која било друга потенцијална славна личност. Како што кажа Монети: „Таа е единствената принцеза родена во Калифорнија“. Оваа уникатност, заедно со зголемената популарност на семејството од Сасекс, има потенцијал да ја направи Лилибет најпознатата личност во Америка.

Само времето ќе покаже дали предвидувањето на Монети ќе се оствари, но јасно е дека семејството Сасекс го привлече вниманието на публиката од двете страни на Атлантикот.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....