03:48 - 7 ноември, 2026

Тага: Фудбалерот Кристијан Атсу пронајден мртов во урнатините

Телото на фудбалерот Кристијан Атсу е пронајдено во урнатините на турскиот град Антакија дванаесет дена по силните земјотреси, пишуваат турските медиуми, повикувајќи се на соопштението на менаџерот Мурат Узунмехмет.

Атсу имаше 31 година и беше играч на турскиот прволигаш Хатајспор.

Иако неколку часа по земјотресот беше објавено дека Атсу е пронајден и хоспитализиран, оваа информација два дена подоцна беше демантирана.

Фудбалерот од Гана беше единствениот стрелец во победата на Хатајспор над Касимпас од 1:0 на само ден пред земјотресот.

Атсу ја започна кариерата како играч на Порто, од каде беше продаден во Челзи. Потоа направи трансфер во Њукасл и таму остана од 2016 до 2021 година. Тој пристигна во Турција на почетокот на оваа сезона. За репрезентацијата на Гана играше 65 пати.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....