16.8 C
Скопје
14:29 - 31 март, 2025

„Таа го сакаше животот“: Лекарот на Шенен Доерти ги опиша нејзините последни моменти

Според доктор Пиро, актерката се борела напорно до самиот крај. Шенен Доерти беше неверојатен воин во сè што правеше.

Американската актерка Шенен Доерти, која почина на 13 јули по долга борба со ракот на дојката, го сметаше својот онколог д-р Лоренс Д. Пиро не само за доверлив советник за време на нејзиното лекување, туку и за близок пријател, пренесува „Пипл“.

На ѕвездата од ТВ серијата „Беверли Хилс“ и „Волшебнички“ првпат ѝ беше дијагностицирана страшната дијагноза во 2015 година, а во 2017 година беше во ремисија. Ракот ѝ се врати во 2019 година, а во 2020 година, Доерти откри дека и бил дијагностициран рак во четврта фаза, кој минатата година се проширил на нејзините коски.

Според Пиро, тој и актерката имале „одличен однос заснован на взаемно почитување“.

„И двајцата веднаш се разбравме. Понекогаш тоа едноставно се случува. Вибрацијата е вистинска и се разбирате што мислите, како да сте се познавале со години пред оваа средба. Така беше со нас кога првпат се сретнавме, и така беше до самиот крај“, изјави Лоренс, доктор во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес.

Пиро ја памети актерката како „многу паметна личност“ која „била многу активен учесник во целата борба за нејзино здравје“.

„Во нејзиниот ум, таа не сакаше да размислува за друга алтернатива освен „го преболуваме ова и продолжуваме со животот…“ Таа сакаше да го живее секој ден не како да е нејзиниот последен ден, туку како да е почеток на едно сосема друго поглавје за неа“, вели Пиро.

На 24 јуни, актерката објави дека планира повторно да започне со хемотерапија со надеж дека ќе ја победи болеста.

„Продолживме додека можевме. Последен пат кога разговаравме, таа беше во процес на сфаќање дека работите добија прилично значаен пресврт. Таа сакаше да продолжи со лекувањето и да се бори, иако нејзината физичка состојба беше малку влошена“, рече докторот.

Последните денови и минути на Шенен Доерти

Доерти се најде во „ограничена ситуација на опции“ поради „нејзината состојба“ во последните неколку недели.

„Но, разговорот сè уште беше за: „Што можеме да направиме во рамките на овие ограничувања?“ наместо „Да не правиме ништо“. Не се ни дискутираше затоа што Шанен не живееше така. Таа беше неверојатен воин во сè што правеше. Таа се бореше напорно и не веруваше дека некогаш ќе мора да се предаде“, рече Пиро.

Сепак, брзо стана очигледно дека тоа нема да биде случај. Последните моменти од животот на Доерти, Пиро ги поминач со неа и со некои од нејзините најблиски.

„Последниве неколку часа беше на место каде и беше многу удобно, спиеше, беше опкружена со некои нејзини многу блиски пријатели кои ѝ даваа многу грижа и поддршка. Беше темно и тажно, но убаво зашто беше полно со љубов. Најтешкото нешто во врска со тоа беше – тоа што таа не беше подготвена да замине затоа што го сакаше животот“, рече онкологот.

 

Слични објави

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо
Се вчитува....