11.8 C
Скопје
15:16 - 30 март, 2026

Сузана Манчиќ ја откри вистината: Дали Мирослав Илиќ и Халид Бешлиќ се степале поради неа?

Водителката Сузана Манчиќ откри детали за долго коментираниот мит дека пејачите Мирослав Илиќ и Халид Бешлиќ наводно се степале поради неа, како и за тоа дали големиот хит „Београѓанка“ е инспириран токму од неа.

Во телевизиско гостување ѝ беше поставено прашање дали двајцата пејачи навистина дошле до физичка пресметка поради нејзината наклонетост.

„Јас за тоа не знам!“, одговори Манчиќ, нагласувајќи дека никогаш не слушнала за таква приказна.

Следеше уште едно прашање – дали „Београѓанка“ од Халид Бешлиќ е напишана за неа.

„Не, не, не! Тој ја имаше песната пред да ме запознае. Не е тоа таа приказна!“, категорично рече Сузана, отфрлајќи ги шпекулациите.

Потоа додаде дека со Халид Бешлиќ долги години соработувала и дека зад себе има бројни телевизиски и сценски проекти, а не била „само Лото-девојка“.

„Сега се кажуваат разни приказни, половина од тоа фрлете го во вода!“, вели Манчиќ, алудирајќи дека многу од легендите се преувеличени.

На тврдењата дека е „фатална жена“ поради која наводно се тепале мажи, Сузана низ смеа одговори: „Зборуваат дека сум фатална, а никој поради мене не се степал, ниту се убил! Каква фатална жена сум јас?“.

Да потсетиме, Мирослав Илиќ веќе 50 години е во брак со сопругата Гордана, со која ги има децата Марко и Марија.

Слични објави

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо
Се вчитува....