11:29 - 15 ноември, 2026

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ  подолг период ја бранува јавноста со нејзината искрена исповед за настанувањето на култната песна „Расуло“. Иако песната со децении е омилена кај публиката, нејзините стихови, напишани од легендарната Марина Туцаковиќ, во себе кријат претешки, темни и длабоко болни животни приказни.

Гостувајќи во емисијата „Ако проговорам“, Цеца откри дека Марина во стиховите на песната ги преточила своите најтешки лични моменти со оние на пејачката, создавајќи текст исполнет со вистинска болка и трагедија.

„Марина мешаше теми за нејзиниот покоен син, со мојот покоен Жељко во песната „Расуло“. Нејзината сопствена болка ја претопуваше во песните низ мојата болка. На пример, во ‘Расуло’ таа го опишува моментот кога го затекнува својот син мртов и вели ‘бела рака паѓа на под’, а потоа пишува за мојот сопруг“, раскажа Цеца.

Пејачката нагласи дека вистинското значење на тие застрашувачки слики и мрачната заднина на текстот ја знаеле исклучиво тие две:

„Тоа можевме да го знаеме само таа и јас, бидејќи јас ги препознавам тие слики и знам што кому му е посветено… Марина имаше генијален дар да пишува така што секој ќе може да се пронајде, тоа не беше себично творење“, заклучи поп-фолк ѕвездата.

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....