11:29 - 15 ноември, 2026

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Регионалната музичка сцена тагува по веста за смртта на истакнатиот композитор, аранжер и музички продуцент Зоран Тутуновиќ – Тутун. Веста за неговото заминување длабоко ги потресе неговите соработници, пријатели и бројни познати личности кои преку социјалните мрежи се опростуваат од него со емотивни пораки.

Меѓу првите кои се огласија беше пејачот Саша Капор, кој со потресни зборови и фотографија му оддаде последна почит на својот драг пријател и соработник:

„Почивајте во мир и Господ да ви подари царство небесно“, напиша неутешниот Капор.

Од музичарот со солзи се простија и други познати имиња, меѓу кои и пејачот Милош Бојаниќ, кој истакна дека веста го оставила во шок и неверица.

Зоран Тутуновиќ беше сопруг на познатата пејача учесничка на Евровизија, Елеонора Баруџија, а во текот на повеќедецениската кариерата важеше за врвен професионалец чиј труд стои зад стотици познати хитови и музички проекти на балканската сцена. Иако најчесто твореше подалеку од светлата на медиумските рефлектори, неговиот придонес кон домашната музика останува неизбришлив.

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....