11:29 - 15 ноември, 2026

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Популарната поп-ѕвезда Наташа Беквалац уште еднаш успеа да  го одушеви регионот со својата препознатлива искреност и изјави кои веднаш станаа вирален хит. Иако повеќе од две децении важи за една од најбараните и најпознатите пејачки на овие простори, Наташа искрено проговориза своите вокални можности, но и за тоа како сопствениците на клубови гледаат на нејзините настапи.

Прво, во улога на член на жири во едно музичко натпреварување, таа искрено го оцени сопственото пеење:

„Јас и не сум некоја пејачка, во смисла дека имам не знам какви гласовни способности. Ова не е тешка песна, но сака да си во приказната“, порача таа и ги изненади сите во студиото.

Сепак, вистински бум настана на нејзиниот неодамнешен настап во еден преполн клуб, кога во паузата меѓу песните директно им се обрати на сите присутни дами во публиката и им испрати моќна порака за финансиската независност и работата:

„Сопствениците на дискотеки и клубови главно превртуваат со очите кога треба да гостувам кај нив. Не ме сакаат бидејќи велат дека кај мене доаѓаат само жени — чест на исклучоците — а жените, велат, не трошат многу пари. Нема голем промет кога јас ќе дојдам. А јас би им порачала на моите драги жени да работат, да бидат вредни и да си ги плаќаат самите пијалаците и сметките! Нека моите настапи секогаш бидат полни со жени кои имаат свои пари. Јас секогаш ќе пеам песни само за жени. Ве молам, работете!“, порача Беквалац пред одушевените присутни.

Наташа Беквалац, која зад себе има богата кариера со бројни хит-албуми и настапи, уште еднаш потврди зошто со години ужива статус на омилена фигура меѓу женската публика низ регионот.

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....