5.8 C
Скопје
06:38 - 1 април, 2026

Стивен Сегал, пријателот на Путин за судирот меѓу Русија и Украина: Двете земји ги гледам како едно семејство

Холивудскиот актер Стивен Сегал, пријател на Владимир Путин, зборуваше за конфликтот меѓу Украина и Русија и рече дека ги гледа двете страни како „едно семејство“, пишува The New York Post. Во 2017 година, на Сегал му беше забранет влез во Украина на пет години, сето тоа поради рускиот пасош што му го издаде претседателот Путин на актерот.

– Повеќето од нас имаат пријатели и семејство во Русија и Украина. На двете страни гледам како на едно семејство и навистина верувам дека станува збор за надворешен ентитет кој троши многу пари на пропаганда и провокација на овие две земји да бидат во конфликт меѓу себе – изјави Стивен за Fox News Digital.

Youtube

– Се молам двете земји да дојдат до позитивно и мирно решение со кое ќе можеме да живееме и да напредуваме заедно, во мир – додаде тој.

Откако доби руско државјанство, кое му го даде самиот Путин, Украина го нарече американскиот актер „закана“ и му забрани да доаѓа во нивната земја на пет години. Неговото државјанство требаше да ги подобри односите меѓу Русија и САД. Со оглед на тоа што и Путин и Сегал вежбаат боречки вештини, тие се појавија заедно на неколку церемонии за време на неговиот престој во Русија.

Youtube

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....