05:56 - 9 април, 2026

СТАВАТЕ ВРЕЛА ВОДА ИЛИ ХРАНА ВО БЛЕНДЕРОТ? Време е да прекинете со оваа опасна навика

Кујнските алатки се одлични кујнски помошници со кои си ја олеснувате работата. Еден од нив е блендерот, кој можете да го користите во разни ситуации, но морате да знаете дека во него никогаш не смеете да ставате врели состојки.

Блендерот е совршена алатка за мелење јаткасти плодови, правење пире, мешање на омиленото овошје во смути, дури и за кршење мраз. Првиот блендер е измислен од Стивен Поплавски во 1922 година и оригинално бил користен за правење пијалаци. Подоцна од него со разни измени е добиен блендерот без кој денес не може да се замисли ниту едно домаќинство. Ги има разни видови и под разни имиња, а сите тие имаат една цел – да го олеснат готвењето, без разлика дали сте професионален шеф или аматер во кујната. Една од опциите за користење на блендерот е правење крем-супи. Но дали знаете дека никогаш не смеете да ставите врела течност или штотуку сварен зеленчук, во блендерот?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Two1 (@two1youtube)

Доколку правите крем-супа или некој сос и треба да ги миксирате сварените состојки, ставањето врела течност или зеленчук во блендерот може да биде навистина опасно и во најлош случај може да резултира со експлозија на капакот, прскање течност и изгореници. Да не зборуваме за нередот во кујната што ќе се создаде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VonShef US (@vonshef.us)


За да го избегнете тоа, имате неколку опции. Прво е да оставите да се изладат состојките, а потоа да ги изблендирате. Ако не можете да чекате, втора опција е да користите рачен блендер. Притоа почнете полека со блендирање – на најмала брзина, движејќи го блендерот од површината надолу. Така ќе избегнете прскање на храната. За секој случај додека блендирате, можете одозгора да ставите крпа што ќе спречи да прска течноста наоколу. 

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....