01:48 - 11 ноември, 2026

Станија Добројевиќ проговори за загубата на бебето: „Тоа е нешто што најмногу го посакував“

Старлетата Станија Добројевиќ искрено проговори за најтешките моменти во својот живот – загубата на бебето што требаше да го добие со Асмин Ѓурџиќ. Како што откри, пресреќна била кога дознала дека е во блажена состојба, но радоста траела кратко.

– Тоа е нешто најубаво што го посакував конечно да ми се случи во животот, многу се радував на веста, но радоста не траеше долго, бидејќи се случи спонтан абортус и завршив кај лекар. Најмногу емотивно ме погоди, тоа не е мала работа. Не би сакала премногу да зборувам за тоа, важно е дека сум здрава и дека можам да имам деца. Веројатно се случи со причина, бидејќи погледнете што се случи понатаму – замислете да бев бремена… Нека биде како што Бог ќе одлучи – искрено рече Станија.

Таа додаде дека најголема поддршка во тие моменти ѝ бил Асмин.

– Веста за бременоста ја криев од семејството и чекав некој поубав момент, да поминат неколку месеци. Се случи што се случи и тие дознаа само за овие тажни вести – изјави старлетата.

Освен за бременоста, Станија проговори и за својот однос со актуелниот учесник во „Елита 9“, Асмин Ѓурџиќ. Во емисијата „Амиџи шоу“ таа откри дека иако официјално се во врска, одлучила да не го спречува неговото учество во реалити-програмата.

– Тој ме повика и ми кажа дека ќе влезе. Претходно секогаш кога сум бранила некоја врска, тоа пропаѓало. Сега решив ништо да не бранам. Или таму ќе се заљуби и јас ќе добијам своја слобода, или ќе се врати како верен – изјави Станија.

Таа додаде дека ѝ недостасува, пред сè, како пријател.

– Последниве денови сфатив дека ми е најдобар пријател. Никој друг не ми се допаѓа. Можеби никогаш повеќе нема да го видам, кој знае што ќе биде, можам и во Мајами да се заљубам. Имав големи љубовни бродоломи и морам да бидам стабилна за сè што ќе ми донесе животот – порача Станија.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....