17:09 - 10 ноември, 2026

„Сродната душа на Јована…“: Јована Пајиќ и Марија Шерифовиќ заминаа на луксузно патување во егзотични краишта

Пејачката Марија Шерифовиќ замина на одмор во егзотични краишта, а друштво ѝ прави колешката и блиска пријателка Јована Пајиќ. Двете решиле заедничката пријателка Срна да ја изненадат со патување на Бали, кое ѝ го организирале како роденденски подарок.

Марија на социјалните мрежи сподели видеа и фотографии од патувањето, на кои таа и Јована се насмеани и расположени, откривајќи го поводот за нивното заминување.

„Јас не знам што ме чека сега! На Јованината сродна душа, Срна, ова патување го организиравме како роденденски подарок“, вели Марија Шерифовиќ во видеото.

По пристигнувањето на Бали, двете пејачки почнаа да споделуваат идилични призори од егзотичната дестинација, со што јасно покажаа дека се воодушевени од атмосферата и природата. Таму ќе ги поминат наредните денови во одмор и дружење.

Освен за патувањето, Марија Шерифовиќ неодамна јавно ѝ даде поддршка на Јована Пајиќ и за нејзиниот нов професионален проект. На Инстаграм таа објави емотивна порака во која ја пофали својата долгогодишна пријателка.

„На секој твој успех и раст се радувам како мало дете. Можеби дури и повеќе од тебе самата. И сето тоа одамна ти припаѓа“, напиша Шерифовиќ.

Таа додаде и дека искреноста, истрајноста и чистата намера секогаш наоѓаат свој пат:

„Она што е родено од вистина, истрајност и чиста намера, ништо не може да го запре. И горда сум. Навистина, Јована“, порача Марија, единствената српска победничка на „Евровизија“, по повод новата песна на Јована Пајиќ.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....